Ограничено рекламирање
Министерството за финансии на Србија, согласно Законот за игри на среќа врши строг надзор на сите реклами кои ќе се појават на оваа интернет страница, а кои посебно се однесуваат на игрите на среќа.
Забрането е рекламирање или учество во рекламирање на било кој начин со кое интернет игрите на среќа се промовираат како начин за социјално прифаќање, за постигнување на личен или финансиски успех или пак за решавање на какви било економски, социјални или лични проблеми.
Забрането е рекламирање или учество во рекламирање на било кој начин со кое се упатуваат препораки од познати личности кои сугерираат дека интернет игрите на среќа дале придонес за нивниот успех.
Забрането е рекламирање или учество во рекламирање кое е посебно насочено кон поттикнување на малолетни лица да се вклучат во интернет игри на среќа и со кое се надминуваат границите на пристојност.