Правила

ПРАВИЛА НА ИГРАТА



1. Предмет на обложување-погодување, се натпревари во земјата и странство кои организаторот ќе ги понуди на учесниците во обложувањето.



2. Името на играта е обложување на спортски натпревар. Времетрањето на играта зависи од времето кое е потребно да се одиграат натпреварите кои ги одредил приредувачот.



3. Услов да се игра во играта е играчите да не се помлади од 18 години, и да се придржуваат на правилата на играта за  обложување на спортски натпревари кој ги одредил приредувачот на истите.



4. Минимална уплата за обложување е 2(два) денари по комбинација, а минимална уплата по талон е 20(дваесет) денари. Крајниот рок за уплата за учество во играта е уплатата да се изврши до почетокот на првиот натпревар од типуваните натвевари во талонот.



5. Учесникот може да се обложува на сите видови на игри, кои се дадени во билтенот како понуда за играње.


 


6. Организаторот може да понуди и други видови на игри и покрај оние понудени во билтенот, кои игри важат за целата понуда за предвиденото обложување.


 


7. Учесниците ќе пополнуваат талони за погодување, на кои ќе ги означуваат сите битни елементи потребни за учество во обложувањето.



8. Количеството на вкупната уплата, ќе зависи од интересот на играчите за тоа коло и висината на уплатите по талон. Минималната уплата е 20.00 ден. по талон, а максималната исплата 300,000.00 ден. на талон, без разлика колку комбинации содржи талонот.



9. Резултатите ќе бидат објавувани на огласна табла во обложувалницата. Добивките се утврдуваат компјутерски, со покажување на добитниот талон на благајната на обложувалницата од страна на играчот. Висината на добивката се пресметува со однапред дадени коефициенти. Начинот на утврдување на резултатите ќе биде преку официјалните сајтови на фудбалските федерации за секое национално првенство, или официјалните сајтови зна дадениот натпревар.



10. Исплатата се врши по завршувањето на одиграните натпревари, а најдоцна во рок од (шеесет) дена од денот на уплатата. Доколку играчот не дошол на исплата во определениот рок неговото право за исплата застарува. Неисплатените талони се приход за буџетот на Р. Македонија. Доколку на примерот од талонот што се наоѓа кај играчот, при исплатата се забележи дека тој не одговара на записот (кој се наоѓа во обложувалницата), е нерегуларен (дополнително допишана шифра или други игри), талонот ќе се смета неважечки и нема да биде извршена исплата.



11. Запознавање на учесниците во играта со правилата на играта, заверени од Министерство за финансии се врши преку јавно поставување на истите на огласна табла во обложувалницата и преку билтен кој го издава обложувалницата.



12. Добитна комбинација е онаа која нема промашено ниту еден тип, или го има погодено минимумот на комбинации.



13. Учесниците на играта се должни да го почитуваатправилото за минималниот број на натпревари за секој вид на игра, кој е комплетно прикажан и јавно истакнат на огласна табла.



14. Важечки е резултатот постигнат во регуларниот тек на натпреварот, а продолжувањата не се земаат во предвид.



15. Во случај на одложување на натпреварот и одигрување на нов натпревар заклучно со последниот ден на колото, постигнатиот резултат е важечки за сите видови на игри.
Во случај на неважечки резултат и неодигрување на одложен натпревар до последниот ден на тековното коло, натпреварот е неважечки и е коефициентот 1 за сите видови игри.



16. Во случај на прекин на натпреварот во текот на натпреварот, резултатот е неважечки и се пресметува со коефициент 1 за сите игри
Доколку прекинатиот натпревар се  одигра до крајот на колото, важечки е постигнатиот резултат за сите видови игри.
И во сите други спортови: кошарка, ракомет, одбојка, хокеј, тенис и други натпревари, прекинат, одложен или предаден натпревар ќе се рачуна со коефициент 1.



17. Во врска на грешка на организаторот врзана за коефициентите, името, времето или местото за одигрување на натпреварот или слично, организаторот го задржува правото тој натпревар да го прогласи за неважечки и по неговото завршување се пресметува коефициент 1 само за тој натпревар во талонот.



17-1. Сите натпревари кои се типувани после нивно започнување или завршување, обложувалницата ги пресметува со коефициент 1, само тие натпревари на уплатениот тикет.



18. Организаторот има право да ги измени коефициентите објавени во билтенот. Известувањата за новите коефициенти ќе биде истакнато на местото на уплата. За играчите важечки се коефициентите во моментот на уплатата.



19. За почеток и крај на колотосе сметапериодот за кој важи издадениот билтен (понуда) од страна на организаторот.



20. Играчот има право на приговор во рок од 7(седум) дена од денот на уплата по објавувањето на резултатите од последното коло.



 

 

ПРАВИЛА ЗА ТРКИ



21.  Се типува на трки во живо каде се погодува победникот или редоследот на учесниците на трката.
Трките и коефициентите кои се прикажуваат на ТВ, се прикажуваат во исто време во сите уплатно-исплатни места на приредувачот.
Добивката на играчите се утврдува со множење на влогот со коефициентите прикажани на талонот, идентично како во другото севкупно обложување.
Уплатата се прима по пат на компјутерски on-line терминал, кој се наоѓа на уплатно-исплатното место.
За играчите се важечки коефициентите во моментот на уплатата и се прикажани на самиот талон, заедно со серискиот број на трката.
Типот на играта е важечки само за трката со серискиот број кој е означен на самиот талон кој го добива учесникот од организаторот на играта т.е. за трката која се одржала во тој временски интервал.
Талоните можат да се сторнираат исклучиво до моментот на почнување на трката со тој сериски број.
Доколку во некој момент на обложувањето се прекине конекцијата или се прекине приказот на трката на ТВ, сите уплатени талони до тој момент ќе важат и ќе се обработат, па соодветно на тоа ќе добијат статус: добитен или недобитен. По барање на играчот, организаторот може да понуди извештај за победниците според серискиот број на трката со конечен редослед на случувањата.
Организаторот може да понуди мултиплицирање на евентуалната добивка (2х, 3х …) на играчите од некоја трка по сопствен или случаен избор. Кога има таков случај, на ТВ екранот на уплатно-исплатното место, пред почетокот на таа трка, кога се примаат облозите, јасно е прикажана и предефинирана таквата можност, што значи дека сите коефициенти за победници од таа трка ќе бидат мултиплицирани за наведената вредност.
Организаторот може да понуди Џек-Пот добивка за играчите, која се исплаќа по случаен избор. Висината на Џек-потот може да е фиксна или да зависи од уплатата на сите уплатни места врзани за еден сервер и таа вредност во секое време е прикажана.
Исплатата на добитните талони се врши веднаш по завршувањето на типуваната трка, со приложување на добитниот тикет.



ПРАВИЛА ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ ВО ЖИВО



22. Се типува на натпревари во живо кои игри и коефициенти се дадени на ТВ.
Натпреварите и коефициентите кои се прикажуваат на ТВ, се прикажуваат во исто време во сите уплатно-исплатни места на приредувачот.
Добивката на играчите се утврдува со множење на влогот со коефициентот прикажан на талонот, идентично како другото севкупно обложување
.
Уплатата се прима по пат на компјутерски on-line терминал, кој се наоѓа на уплатно-исплатното место.
За играчите се важечки коефициентите во моментот на уплатата и се прикажани на самиот талон, заедно со серискиот број на талонот.

Талоните не може да се сторнираат, освен во случај на грешка при уплата на операторот.
Доколку во некој момент на обложувањето се прекине конекцијата, сите уплатени талони до тогаш, ќе важат и ќе се обработат, па соодветно на тоа ќе добие статус: добитен или недобитен. По барање на играчот, Организаторот може да понуди извештај за натпреварот.
Во случај на прекин на натпреварот во текот на натпреварот, резултатот е неважечки и се пресметува коефициент 1 за сите игри.

Во случај на прекин на натпреварот по завршување на првото полувреме постигнатиот резултат е важечки само за игрите кои се однесуваат на првото полувреме.
Доколку прекинатиот натпревар се одигра до крајот на денот, важечки е постигнатиот резултат за сите видови игри, во друг случај коефициентот е 1.
За прекинат натпревар со извршена уплата за игра (следен гол) се пресметува коефициент 1 само кога прекинот е при резултат (0:0), секој друг постигнат резултат, се пресметува како конечен согласно правилта за игра (следен гол).
Во сите други спортови освен фудбал, прекинат, одложен,  предаден натпревар во кошарка, ракомет, одбојка, хокеј тенис и друго, се пресметува со коефициент 1.
Исплатата на добитните талони се врши веднаш по завршувањето на типуваната игра и направена обработка од страна на организаторот, со приложување на добитниот тикет.



ИГРАЧОТ СО УПЛАТАТА ПОТВРДУВА ДЕКА ГИ ПРИФАТИЛ ПРАВИЛАТА НА ИГРА, ПРОПИШАНИ ОД СТРАНА НА ОРГАНИЗАТОРОТ





23. Овие правила ќе бидат истакнати на видно место, на огласна табла во просториите на организаторот.На тој начин ќе се смета дека секој учесник во играта е запознаен со овие правилата и дека ги прифаќа без резерва.


24. Во случај на било каков спор помеѓу  учесниците и организаторот на обложувањето, што не ќе може да се реши со меѓусебна спогодба, ќе биде надлежен Основниот Суд во Скопје.