Дунга го реновира Бразил

Карлос Дунга, новиот селектор на Бразил, го објави списокот на фудбалери ф, а новите имиња во однос на дебаклот на Светското првенство се: Филипе Кутињо, Миранда и Филипе Луис.
Двајца играчи ќе дебитираат за Бразил, тандемот на Крузеиро – играчот за врска Евертон Рибеиро и напаѓачот Рикардо Гуларт.
Дунга за овие натпревари, први по катастрофата на Мундијалот, не ги повика Даниел Алвес и Фред.
Бразил на петти септември ќе игра во Мајами против Колумбија, додека четири дена подоцна во Њу Џерси ќе го одигра натпреварот против Еквадор.
Голмани: Џеферсон (Ботафого), Рафаел Кабрал (Наполи);
Одбрана: Давид Луиз (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Жил (Коринтијанс), Миранда (Атлетико Мадрид), Мајкобн (Рома), Филипе Луис (Челзи), Алекс Сандро (Порто), Данило (Порто);
Ред за врска: Луис Густаво (Волфсбург), Елијас (Коринтијанс), Фернандињо (Манчестер сити), Рамирес (Челзи), Вилијан (Челзи), Евертон Рибеиро (Крузеиро), Оскар (Челзи), Кутињо (Ливерпул);
Напад: Рикардо Гуларт (Крусеиро), Хулк (Зенит), Нејмар (Барселона), Диего Тардели (Атлетико Минеиро).