Модриќ уште четири сезони во Реал

Лука Модриќ, фудбалерот на Реал од Мадрид, го продолжи договорот со кралскиот клуб уште на четири години, објавено е на официјалната интернет-страница.

Хрватскиот репрезентативец во претходните две сезони одигра повеќе од сто натпревари и даде шест голови.
Пред Реал, 28-годишниот Модриќ помина четири сезони во Тотенхем, а израсна во Динамо од Загреб.
За националниот тим на Хрватска Модриќ одигра 78 натпревари.